24фудбал

„Дали Јувентус е во моментов најсилната екипа? Да!“

Поранешниот чувар на мрежата од голот на Јувентус, легендата на тој клуб смета дека Старата дама во моментов е најсилната екипа во Лигата на шампионите, а издвои една причина за таквото мислење.

Лига на Шампиони

Голманот на ПСЖ, искусниот Џанлуиџи Буфон верува дека неговиот поранешен клуб, од каде премина во редовите на францускиот првак, Јувентус, е најсилниот тим оваа сезона во Лигата на шампионите.

40 годишниот Буфон верува дека Старата дама веќе докажала дека се најдобрата екипа во моментов на европскиот клупски турнир, а како главна причина за таквото негово мислење го вметна Роналдо.

Дали Јувентус во моментов е најсилната екипа? Да! Тоа го велам бидејќи тие се екипа која веќе посочи силни и прецизни индикации, можеби најдоброто од нив нема да го видиме оваа година. Претходно ние бевме една од најсилните екипи, сега, кога ќе го додадете Кристијано Роналдо, јасно е дека Јувентус е екипа против која никој не сака да игра“ рече Буфон.