24фудбал

Мората би можел да биде наследникот на Суарез во Барселона?

Се шпекулира дека Шпанецот не би имал ништо против да ги засили редовите на најлутиот ривал на неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, тимот на Барселона, се верува дека Мората има нескриени желби да го напушти тимот на Челси.

Шпанија

Делува како изненадување, но, радиото „РАЦ1“ наведува дека напаѓачот на Челси, Алваро Мората се понудил на Барселона.

26 годишниот напаѓач нема обезбедено прво место во нападот на тимот од Стемфорд Бриџ, често таа позиција ја заменува со Оливие Жиру, кој прикажува одлични перформанси.

Познато е дека Барселона е во потрага по наследник на Луис Суарез во нападот на таа екипа, а Каталонците бараат решение на подолг рок, тоа би можел да биде токму Мората.

Претходно наведениот медиум тврди дека напаѓачот на Челси нема да има ништо против евентуален трансфер на Камп Ноу, иако, станува збор за поранешен фудбалер на најлутиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид.

Враќањето на Мората во Реал Мадрид по двете минати сезони во Јувентус (14/15, 15/16) не помина според очекувањата, па следеше преселба во Челси, но, уште во втората сезона во Премиерлигашот, наводно има нескриена желба да си замине од тој клуб.