24фудбал

Почетни состави: Јувентус, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Ајакс во битка за првите позиции во групите

Со вечерашните натпревари ќе се спушти завесата во групната фаза од Лигата на шампионите, од 18,55 часот веќе се почнати два натпревари, а во терминот од 21,00 часот ќе се одиграат и останатите средби.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен (13) и Ајакс (11) ќе се борат за првото место во групата „Е“, каде сигурен на третото место е Бенфика (4), екипа која ќе продолжи во Лига Европа, откако никакви шанси нема АЕК (0) во оваа конкуренција кој засега е без бодови.

Од останатите групи, Јувентус (12) и Манчестер јунајтед (10) ќе се борат за првата позиција во конкуренцијата „Х“, каде Валенсија (5) е сигурен патник во Лига Европа, последнопласирана ќе заврши екипата на Јанг Бојс (1).

Во групата „Ф“, Манчестер Сити е на првото место (10), Лион (7) и Шахтер (5) ќе се борат за второто место, а за третото ќе напаѓа Хофенхајм (3).

Веќе имаме можност да ги проследиме и почетните состави за сите натпревари...