24фудбал

ЦСКА го посрамоти Реал среде Мадрид, „кралот“ никогаш не доживеал ваков пораз (ВИДЕО)

Бранителот на тронот, Реал Мадрид претрпе срамен пораз пред своите фанови во последното коло од Лигата на шампионите, ЦСКА Москва со 0-3 триумфираше на Сантијаго Бернабеу.

Лига на Шампиони

„Кралевите“ нема по добро да ја паметат вечерашната пресметка со ЦСКА Москва. За прв пат во својата историја, Реал загуби со три гола разлика во меч од најелитното европско натпреварување.

На актуелниот шампион не му требаа бодовите, па Солари направи голем број на измени во составот. И покрај тоа, Реал беше подобар противник во воведниот дел од мечот и имаше неколку шанси за водство, а беше погодена и рамката од голот.

Сепак, откако не беа искористени шансите, казната стигна во 37. минута кога Чалов од врвот на шеснаесетникот пласираше за водство од 0-1. Пред крајот на првиот дел се случи нов шок, Шеников погоди за 0-2.

Дебакалот беше заокружен во 73. минута кога Сигурдсон ги постави конечните 0-3.

Победата на ЦСКА Москва, втора над Реал оваа сезона, не им значи ништо бидејќи Плзен со 2-1 триумфираше над Рома и го обезбеди местото кое носи во Лига Европа.