24фудбал

Иско ја „спука“ со навивачите, доби свирежи па им порача: Што сакате? (ВИДЕО)

Иско влезе во конфликт со публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Шпанецот доби свирежи откако упропасти една добра шанса, па им се обрати на навивачите зад голот.

Шпанија

Реал Мадрид имаше меч за заборав против ЦСКА Москва. Клубот од Русија е првиот кој по десет години два пати слави над „Кралевите“ во групната фаза од Лигата на шампионите.

Но веројатно поболно за Реал Мадрид е тоа што го претрпе највисокиот пораз во Лигата на шампионите и за прв пат загуби со три гола разлика.

Публиката на „Сантијаго Бернабеу“ беше разочарана, па по десет минути игра во второто полувреме, кога Иско упропасти една добра шанса, го искажаа своето незадоволство со свирежи.

Шпанецот не остана покус, веројатно и тој фрустриран поради малата минутажа, им се обрати на навивачите зад голот и им порача: „Што сакате?“