24фудбал

Марсело ја објасни ситуацијата со Иско: Се обидов да му ја предадам капитентската лента...

Шпанскиот репрезентативец не се наоѓа во прв план кај Сантијаго Солари, веќе извесен период се шпекулира дека е на излезна врата од редовите на шпанскиот гигант, а синоќа ја одби капитентската лента, како причина за тоа, Марка наведе дека е редослед кај фудбалерите во тимот, по кој истата требало да ја добие Карвахал и уверува дека не постои никаква контроверзна ситуација.

Лига на Шампиони

Бранителот на европскиот трофеј, Реал Мадрид успеа да се пласира во елиминационата рунда од Лигата на шампионите, но, синоќа по втор пат загуби од ЦСКА Москва во групната фаза, првиот пораз беше минимален, но, вториот, пред своја публика, убедлив со 0-3.

Иско ја „спука“ со навивачите, доби свирежи па им порача: Што сакате? (ВИДЕО)

Сепак, доста прашина кренаа свирежите на навивачите на шпанскиот гигант кон Иско, за кого се погласни се шпекулациите дека е на излезна врата од клубот, а меѓу другото, тој ја одби капитентската лента при излегувањето од игра од страна на Марсело.

Се обидов да му ја предадам капитентската лента на Иско, но, тој ми порача дека треба да му ја предадам на Карвахал, не знам зошто...“ објасни Бразилецот по мечот.