24фудбал

Марота со поддршка за Спалети: Наше е да го поддржиме, не е лесно да се постигнат посакуваните резултати

И официјално, Џузепе Марота ја презеде функцијата во Интер, а веднаш ги демантираше шпекулациите пренесени од одредени медиуми за тоа дека се подготвува промена на тренерското столче во клубот.

Италија

Бепе Марота ја презеде големата одговорност во Интер да биде нов извршен директор на клубот од Милано, тој си замина од Јувентус после долги години минати во тој клуб, но, не се двоумеше премногу за да влезе во ривалот на Старата дама.

На промоцијата, Марота истакна дека ова за него ќе биде голема одговорност, воопшто не се плаши од големиот предизвик, а одговараше и на прашања поврзани со шефот на стручниот штаб на клубот, Лучијано Спалети, за кого се шпекулира дека ќе се бара замена.

Спалети е одличен тренер, тој само треба да работи смирено, наше е да го поддржиме во сите негови активности. Не е лесно да се постигнат резултатите кои му се потребни на Интер, но, нашата цел е да ги таргетираме важните работи“ порача Марота.

Антонио Конте, Диего Симеоне и Жозе Мурињо се споменуваа како потенцијални кандидати за наследник на Спалети на клупата на Интер, наводно, тоа би можело да се случи на крајот од актуелнава сезона.