24фудбал

Батшуаи се потсмева со Џонс: Може ли прво да зборуваме за неговата фаца? (ФОТО)

Белгиецот имаше посебно дизајнирани копачки синоќа против Манчестер јунајтед, тој во Валенсија настапува како позајмен од Челси, а синоќа не успеа да ја затресе мрежата од голот на Премиерлигашот.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед со пораз се врати од гостувањето кај Валенсија, откако шпанскиот прволигаш славеше со 2-1, а еден од погодоците за победничкиот табор го постигна Фил Џонс, дефанзивецот на Премиерлигашот кој со автоголот во 47. минута донесе водство од 2-0 за Валенсија.

Мичи Батшуаи иако ги одигра сите 90 минути од пресметката на Местаља, не успеа да се запише во листата на стрелците, но, на социјалните мрежи не можеше, а да не коментира за Џонс, со кого се потсмеваше на социјалните мрежи.

Фото репортерите уловија еден интересен детал од негов дуел со Џонс, каде во преден план се најде дизајнот на копачките на белгискиот напаѓач, на кои имаше и лого кое се поврзува со шпанскиот прволигаш, а во втор план е изразот на лицето кај дефанзивецот на Манчестер јунајтед.

Мило ми е што ви се допаѓа луѓе, но, може ли прво да зборуваме за фацата на Фил Џонс“ запраша Батшуаи на социјалните мрежи.