24фудбал

Карвахал: Исвиркан од фановите, или не, Иско е храбар

Фудбалерот од средниот ред на Кралевите доби поддршка од својот соиграч во редовите на шпанскиот гигант, тој синоќа ја одби капитентската лента од Марсело и му порача на Бразилецот да му ја предаде токму на Карвахал.

Шпанија

Дани Карвахал застана во одбрана на својот соиграч Иско кој синоќа доби свирежи од гледалиштето на Сантијаго Бернабеу откако домашните навивачи не ја поштедија ѕвездата во поразот на нивниот омилен тим од ЦСКА Москва со дури 0-3.

Не знам дали Иско беше исвиркан од навивачите, или не беше, единственото нешто што би можел да го кажам во моментов е тоа дека тој е храбар, тој нема да дозволи свирежите да допрат до него, а тој нема да се крие ако дојде до такво нешто“ рече Карвахал.

Тоа што остана како куриозитет од синоќешниот натпревар во Мадрид е моментот кога Иско одби да ја прифати капитентската лента која му беше понудена од Марсело, кога Бразилецот излегуваше од игра на теренот, а фудбалерот од средниот ред на Кралевите му порачал на Марсело истата да му ја предаде на Карвахал, што и на крајот се случи.