24фудбал

На Покетино не му здодеале шпекулациите за Манчестер јунајтед и Реал Мадрид

Аргентинецот тврди дека таквите шпекулации никого не го вознемируваат, тој посочува дека преферира весниците повеќе да пишуваат на такви теми, отколку за негово отпуштање или слични теми.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Тотенхем, Маурицио Покетино тврди дека не му здодеале постојаните шпекулации кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Тотенхем по ремито кај Барселона обезбеди место во елиминационата фаза од Лигата на шампионите, а по мечот на Камп Ноу, аргентинскиот фудбалски стратег беше запрашан и за тоа што медиумите постојано го селат, како во Манчестер јунајтед, така во Реал Мадрид, кои имаат тешки сезони, а постојано се лицитира со имиња на потенцијални нови тренери на тие екипи.

Не, не. Зошто? Овој тип на вести мислам дека никого не го вознемирува, а најмалку им здосадуваат на луѓето“ рече Покетино.

Јас повеќе преферирам весниците да пишуваат за работи како ова, отколку да пишуваат за тоа дали Тотенхем би ме отпуштил, или дека луѓето се уморни од мене, или ние сме во тешка ситуација. Секако, јас избирам едно нешто, а тоа е ова, ниту ми здосадиле, ниту ќе ми здосадат таквите вести“ додаде Аргентинецот.