24фудбал

Солари со порака до Иско за свирежите од навивачите

Извесен период се наведува дека Иско не е во добри односи со новиот тренер на Кралевите, тој не е во прв план кај Солари, кој често знаеше дури и да го изостави од составот на шпанскиот гигант.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид не игра на нивото на кое многумина очекуваат, многу работи се променија по заминувањето на Роналдо, а синоќа Кралевите на свој терен беа посрамени од ЦСКА Москва откако рускиот тим му нанесе тежок пораз на гигантот од 0-3, претходно на домашен терен го совлада минимално.

Како и да е, Реал Мадрид продолжи во елиминационата рунда од Лигата на шампионите, а тоа што од синоќешниот меч ќе остане запаметено е секако свирежите кои навивачите на шпанскиот гигант му ги упатија на Иско, коментар на тоа имаше тренерот на европскиот првак, Сантијаго Солари.

Жалам за тоа што се случи, сакавме да го потврдиме првото место со една убава ноќ, но, не ни одеше од рака во остварувањето на таа желба“ рече Солари по мечот, а потоа се надоврза и на контроверзниот момент со свирежите кон Иско.

Иско ја „спука“ со навивачите, добис вирежи па им порача: Што сакате? (ВИДЕО)

Не би сакал ниту еден од моите фудбалери да добива свирежи, но, ние не игравме добро и мораме да ги послушаме нашите навивачи“ додаде шефот на стручниот штаб на Кралевите упатувајќи му јасна порака на Иско дека треба да ги прифати свирежите од гледалиштето.