24фудбал

Коцката го уништи: Ѕвезда на Селтик се повлекува на 28 години, Роџерс вети максимална поддршка и помош

Напаѓачот на славниот шкотски клуб подолг период се соочува со проблеми, тамошните медиуми тврдат дека коцката му нанела тешки психички проблеми, а тренерот на Селтик вети максимална поддршка и помош за репрезентативецот на Шкотска со кого вели дека има одлични релации.

Останато

Веројатно на фудбалската јавност не баш толку и е познат Леј Грифитс, 28 годишниот фудбалер на шкотски Селтик, кој реши да се повлече од фудбалот, веројатно на одреден период, барем според очекувањата на Роџерс, а тамошните медиуми пишуваат дека тој има големи проблеми со коцкање, по што побарал професионална помош.

Леј ќе биде одреден период надвор од фудбалот. Него го мачат многу проблеми веќе неколку месеци, дојде до ниво во кое животот му стана борба, ние ќе му ја пружиме максималната поддршка за повторно да биде оној стариот кого добро го познаваме сите“ изјави Брендон Роџерс, шефот на стручниот штаб на Селтик.

Освен психичките, Грифитс оваа сезона има и проблем во однос на кондицијата, а Роџерс не крие дека тој има големи проблеми кои не се поврзани со фудбалот.

Тој и јас сме многу блиски, имаме одличен однос и тој има големи проблеми кои не се поврзани со фудбалот. Мора да пронајде некоја нова среќа, татко е на пет деца, прекрасна особа е, но фудбалот и животот за него станаа тешки, сакаме да му помогнеме, со тоа некој период ќе биде надвор од фудбалот“ заклучи Роџерс.

Деветката на Селтик во дресот на тој клуб игра уште од 2014. година, досега на 128 настапи успеа да постигне 75 погодоци, а има 19 настапи, односно 4 погодоци за селекцијата на Шкотска.