24фудбал

Навивачите на Ајнтрахт приредија шоу на трибините, играчите на теренот испишаа нова историја (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт испиша историја и стана првиот тим од Германија со шест победи во групната фаза од Лига Европа, покрај добрата игра, свое шоу на трибините имаа и навивачите.

Лига Европа

„Орлите“ се првиот тим од Германија кој може да се пофали со 100% учинок во групната фаза од Лига Европа откако вечерва триумфираа и на гостувањето кај Лацио.

Кореа во 56. минута донесе предност за домаќините, но Гачиновиќ најпрво изедначи во 65. минута за Але во 71. минута да донесе пресврт и нови три бода.

Покрај добрата игра на на теренот, свое шоу на трибините имаа и навивачите.

Заврши настапот во Лига Европа за Бобан Николов и МОЛ Види. Клубот од Унгарија вечерва се избори за реми од 2-2 против Челси, но бодот не беше доволен за шеснаесетфианле бидеќи БАТЕ со 1-3 триумфираше на гостувањето кај ПАОК.

Вилијан ги донесе „Сините“ во предност по половина час игра, но Ампаду само 120 секунди подоцна си постигна автогол за 1-1. Него на стартот од вториот дел донесе водство за МОЛ Види, но Жиру во 75. минута не дозволи пораз за Челси.