24фудбал

Дембеле доби инструкции од Барселона, не смее да го гаси својот мобилен телефон

Каталонците одвоија цели 150 милиони евра за проблематичниот Французин, кој, нема дилеми во тоа дека ја искористува секоја минута добиена од Ернесто Валверде на теренот, но, во однос на дисциплината, тука има голем проблем кој очигледно клубот решил да стави крај на сето тоа.

Шпанија

Нема никаква непознаница во тоа дека Осман Дембеле има проблем со дисциплината, се наведува дека младата ѕвезда на Барселона е зависен од видео игри, а освен тоа познато е дека не внимава на исхраната, што во прашање се поставува неговата професионалност како фудбалер на еден голем клуб.

Пред неполна седмица Французинот доцнеше на предвидениот тренинг цели два часа, а по ова се прели чашата во клубот, кој го казни цели 200,000 евра, па дали ќе останува до доцните часови навечер, што често му носи и доцнење кон клупските обврски, останува да видиме во периодот кој претстои.

Во Барселона имаат и нова идеја за тоа како да го поправат својот фудбалер во поглед на дисциплината, а тоа се инструкции за тоа како Дембеле да го користи својот мобилен телефон.

Дембеле добил инструкции за тоа дека во иднина не смее да го гаси својот мобилен телефон, како ни звучниот сигнал од истиот, за луѓето од клубот во секој момент да можат да го добијат и да се уверат во тоа дека ги исполнува обврските како и сите останати членови на составот.