24фудбал

Модриќ: Роналдо и Меси не се фер

Лука Модриќ конечно проговори за односот на Лео Меси и Кристијано Роналдо кои не се појавија на доделувањето на Златната топка.

Шпанија

Лука Модриќ е фудбалерот кој ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо кои десет години по ред претходно ја делеа наградата за најдобрите.

Хрватската ѕвезда смета дека Роналдо и Меси немаат почит кон навивачите, кон играчите и кон фудбалот воопошто бидејќи наградата им е важна само тие кога ја освојуваат.

„Не можам да зборувам за тоа зошто некој не дошол на некоја манифестација, тоа е нивни избор. Дека е логично, не е. Испаѓа дека тие манифестации и трофеи имаат вредност само кога тие ги добиваат. Тоа не е фер ниту кон колегите играчи, ниту кон гласачите кои десет години по ред нив ги прогласуваа за најдобри, а ниту кон фудбалот и навивачи. Но повторувам, секој се однесува така како што мисли дека треба“, изјави Модриќ.

БетАдриа викенд тикет

„Видете, работата според мене е многу едноставна. Кристијано Роналдо и Меси се двајца феномени кои играчки доминираа десетина години. По квалитетот се над сите. Но тука зборуваме за сезонски учинок и тоа веројатно значи нешто што се исти резултатите од гласањето кај селекторите, тренерите, играчите, фудбалските легенди, новинарите и навивачи. Или сите тие истовремено се во заблуда? Ако гласаме за квалитетот на играчите, тогаш преостанува веднаш да им ги поделиме сите трофеи на Меси и Роналдо и додека тие играат активно да се укинат сите избори“.