24фудбал

Манчестер Сити брзо им се врати на победите, триумф против Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 3-1 го победи Евертон и денеска е на врвот во Премиерлигата каде ќе биде најмалку до утре кога Ливерпул го игра својот меч со Јунајтед.

Англија

Габриел Жесус беше херојот на Манчестер Сити денеска, тимот на Гвардиола по поразот од Челси брзо им се врати на победите.

Резултатот го отвори Жесус во 22. минута, а тој постигна гол и по пет минути игра во второто полувреме за предност од 2-0.

Евертон успеа да се врати преку Калверт Левин во 65. минута, но само четири минути подоцна Стерлинг три минути по своето влегување го постави конечниот резултат од 3-1.