24фудбал

Ериксен во судиското продолжение му донесе победа на Тотнем (ВИДЕО)

Тотнем славеше тешка победа против Барнли изборена дури во судиското продолжение од натпреварот со гол на Кристијан Ериксен.

Англија

Тотнем на свој терен се мачеше да го разбие Барнли иако важеше за сериозен фаворит. Мрежите мируваа 90 минути, а кога се чинеше дека нема да биде постигнат гол, Ериксен погоди за три големи бода на тимот од Северен Лондон.

Со 1-0 победи и Кристал Палас против Лестер, а со тој резултат но на гостински терен до бодови дојде и Њукасл против Хадерсфилд.

Најефикасно беше на дуелот меѓу Ватфорд и Кардив кој заврши со 3-2 за домаќините, Волвс со 2-0 го совлада Борнмут.

Во првиот денешен натпревар Манчестер Сити со 3-1 го победи Евертон.