24фудбал

ВАР му донесе три бода на Интер, Икарди со „паненка“ го реши Удинезе (ВИДЕО)

Интер стигна до минимална победа против Удинезе, Мауро Икарди од белата точка погоди со „паненка“ за цел плен по неколку лоши меча на „нероаѕурите“.

Италија

Избраниците на Лучано Спалети ја прекинаа серијата од четири натпревари без победа и вечерва ја добија пресметката пред своите фанови со Удинезе.

Интер триумфираше минилано со 1-0 благодарејќи на ВАР технологијата. По еден корнер, Фофана играше со рака, судијата во прв момент не досуди ништо, но доби порака дека се работи за спорен момент па откако ги прегледа повторените снимки покажа на белата точка.

Капитенот Мауро Икарди ја превзеде одговорноста и ладнокрвно со „паненка“ во 76. минута погоди за 1-0, па Интер колку толку ги залечат раните по разочарувачката елиминација од Лигата на шампиони.