24фудбал

Реал Мадрид само еднаш го совлада Столе Димитриевски и победи (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше тешка победа против Рајо Ваљекано со 1-0, Столе Димитриевски бранеше на Сантијаго Бернабеу и се покажа во одлично издание.

Шпанија

Столе Димитриевски за прв пат бранеше на Сантијаго Бернабеу и имаше одличен натпревар против Реал Мадрид. Македонскиот голман прими само еден гол, и одбрани неколку шанси на кралскиот клуб.

Клучниот момент се случи во 13. минута кога по една одлична акција, Бензема се најде пред Димитриевски и од непосредна близина го матираше нашиот гол за водство на Реал Мадрид кое значеше и победа.

Во 19. минута Асенсио излезе само пред Димитриевски, но Македонецот одлично со нога му го одбрани ударот, подоцна Тони Крос ја погоди стативата.

Во судиското продолжение лесно можеше да се случи Рајо да го изедначи резултатот и да дојде до бод, но Куртоа одлично во два наврати одбрани, а спаси и Карвахал од гол линијата.