24фудбал

Роналдо го постигна 5.000-от гол за Јуве во Серија А и го реши „Дерби дела Моле“ (ВИДЕО)

„Старата Дама“ го доби градското дерби против „биковите“ со 0-1, стрелец на единствениот гол на мечот беше Кристијано Роналдо од белата точка

Италија

Јувентус продолжува да реди победи, откако минатата недела славеше во „Дербито на Италија“ против Интер, вечерва беше поуспешен и во „Дерби дела Моле“.

Избраниците на Макс Алегри триумфираа со минимални 0-1 на гостувањето кај Торино. Стрелец на единствениот погодок беше Кристијано Роналдо.

ЦР7 во 69. минута од мечот беше прецизен од белата точка и го постивна 5.000-от погодок за Јувентус во Серија А.