24фудбал

Заврши серијата без пораз на Арсенал! (ВИДЕО)

Со гол на Чарли Остин во финишот од натпреварот Саутемптон го победи Арсенал со 3-2 и ја прекина серијата на топчиите од 22 натпревари без пораз.

Англија

Арсенал конечно загуби, Саутемптон е тимот кој конечно успеа да ги совлада топчиите, светците освоија три големи бода во битката за опстанок.

Домаќините два пати имаа водство преку Дени Ингс, но Арсенал преку Мхитарјан изедначуваше.

Сепак, во финишот од мечот, во 85. минута Саутемптон дојде и до трето водство овој пат преку Остин, овој пат Арсенал не успеа да изедначи и го загуби мечот.

За разлика од Арсенал, Челси ги освои трите бода од гостувањето кај Брајтон каде победи со 2-1.

Педро и Азар по првиот дел донесоа водство од 2-0, Марч во второто полувреме успеа да даде гол за Брајтон кој не беше доволен да се избегне пораз.