24фудбал

Шаќири е херојот на Ливерпул, победа над Јунајтед за враќање на врвот во Англија (ВИДЕО)

Благодарение на два гола на Џердан Шаќири во второто полувреме Ливерпул со 3-1 го победи Манчестер јунајтед и се врати на првото место во Премиерлигата.

Англија

Ливерпул го доби големото дерби против Манчестер јунајтед, Џердан Шаќири е херојот на црвените, влезе во второто полувреме, постигна два гола и му донесе победа на својот тим

Резултатот беше отворен во 24. минута кога по прекрасна асистенција од Фабињо, Мане постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0.

Но на Манчестер јунајтед му требаа помалку од десет минути да се врати, Лингард казни една катастрофална грешка на Алисон и изедначи на 1-1.

Ливерпул напаѓаше, бркаше ново водство, Манчестер јунајтед се бранеше повремено обидувајќи се од контра напади да го загрози противничкиот гол.

Во 70. минута Клоп во игра го стави Џердан Шаќири и тој беше херојот за Ливерпул на овој меч.

Само три минути по неговото влегување, Шаќири со многу среќа постигна гол за ново водство на Ливерпул, овој пат од 2-1.

Во 80. минута повторно Шаќири, и овој пат топката погоди играч на Јунајтед и заврши зад грбот на Де Геа за 3-1, веќе беше јасно кој е победникот на овој меч.

Со оваа победа Ливерпул се врати на првото место на табелата во Премиерлигата со бод повеќе од Манчестер Сити.