24фудбал

Милик со својот прв гол од слободен удар донесе победа за Наполи во 91. минута (ВИДЕО)

Наполи со три бода си замина од незгодното гостување кај Каљари, Милик во судиското надоплнување биеше прекрасно од слободен удар и донесе минимална победа од 0-1.

Италија

„Наполитанците“ останаа на -8 во однос на лидерот Јувентус откако вечерва со цел плен си заминаа од Сардинија.

Каљари долго време одолеваше, домаќините беа на чекор до бод но потклекнаа во завршните мигови од мечот. Наполи доби слободен удар, и додека сите очекуваа Инсиње да стапи на сцена, Милик го префрли живиот ѕид и биеше неодбранливо покрај стативата за 0-1 и големо славје.

За Полјакот ова беше првиот гол од слободен удар во дресот на „Наполитанците“.