24фудбал

Ова се осминафиналните двојки во Лигата на шампионите

Со одржувањето на ждрепката во Нион ги добивме двојките во осминафиналето од Лигата на шампионите, каде бранител на европската титула е Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

Веќе се познати осминафиналните двојки од елитното европско клупско натпреварување, во кое, тимовите кои завршија како првопласирани во своите групи ја имаат предноста реваншите да ги играат пред своја публика.

Ќе проследиме две мега пресметки во оваа рунда, двомечот помеѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ, како и оној помеѓу минатогодишниот финалист Ливерпул и Баерн Минхен, а бранителот на европската титула, Реал Мадрид за противник го доби Ајакс.

Осминафинале, Лига на шампиони:

Шалке – Манчестер Сити

Атлетико Мадрид – Јувентус

Манчестер јунајтед – ПСЖ

Тотенхем – Борусија Дортмунд

Лион – Барселона

Рома – Порто

Ајакс – Реал Мадрид

Ливерпул – Баерн Минхен

Првите натпревари се играат на 12/13 февруари, односно 19/20 истиот месец идната година, а реваншите се предвидени да се одиграат 5/6 и 12/13 март.