24фудбал

Познати се двојките за нокаут фазата од Лига Европа

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за 1/16 финалето од Лига Европа

Лига Европа

Адеми со Динамо Загреб ќе игра против Викторија Плзен, Елмас и Фенербахче ќе се соочат со Зенит, Стефан Ристовски и Спортинг Лисабон ќе имаат дуел со Виљареал.

Од фаворитите Арсенал го доби БАТЕ Борисов, Интер ќе игра со Рапид Виена, Наполи ќе се соочи со Цирих, Челси со Малме, а интересесни ќе бидат дуелите Лацио - Севиља и Селтик - Валенсија.

1/16 финале, Лига Европа:

Плзен - Динамо Загреб

Клуб Бриж - Салцбург

Рапид Виена - Интер

Славија Прага - Генк

Краснодар - Леверкузен

Цирих - Наполи 

Малме - Челси

Шахтар - Ајнтрахт Франкфурт

Селтик - Валенсија

Рен - Бетис

Олимпијакос - Динамо Киев

Лацио - Севиља

Фенербахче - Зенит

Спортинг Лисабон - Виљареал

БАТЕ Борисов - Арсенал 

Галатасарај - Бенфика