24фудбал

Го прогласија за најмлад стрелц, па го фатија дека е 12 години постар!

Фудбалскате федерација на Индија го суспендираше на шест месеци најмладиот стрелец во нивната историја откако се испоставило дека тој лажел за својата возраст и всушност бил постар за дури 12 години.

Останато

Во октомври, Гурав Муки испиша историја во Индија откако постигна гол на мечот помеѓу Џамшедпур и Бенгалуру. Тогаш се говореше дека тој со 16 години е најмладиот стрелец во историјата на индискиот фудбал.

Но набрзо потоа беше отворена дисциплинска постапка поради сомнеж за неговите вистински години. Па напаѓачот сега доби шест месеци суспензија и му беше повлечена регистрацијата, а според одредени медиуми, Гурав Муки има 28 годни а на 16.

За целата ситуација да биде поинтересна, Гурав Муки во 2015 веќе еднаш бил фатен дека лаже за својата возраст.