24фудбал

Рабио со месеци го влечел за нос ПСЖ па за казна сега ќе дреме на клупа

Спортскиот директор на „светците“, Антеро Енрике соопшти дека Адриен Рабио нема да стави потпис на нов договор, фудбалерот од средниот ред изразил желба да замине од Париз како слободен играч по крајот на сезоната

Франција

Французинот е обврзан кон ПСЖ до 30. јуни 2019, па двете страни долго време беа во преговори за продолжување на соработката.

„Светците“ веруваа дека ќе го убедат играчот да стави потпис на нов договор но останаа разочарани откако Адриен Рабио ги известил дека заминува по крајот на сезоната како слободен играч.

Па лидерите на ПСЖ сега се бесни и како казна ќе го остават фудбалерот од средниот ред да дреме на клупа.

Запрашан дали преговорите со Адриен Рабио ќе продолжат, спортскиот директор Антеро Енрике вели: „Во овој момент, не. Клубот донесе одлука по средбата која ја имав со играчот. Рабио ме извести дека нема да стави потпис на нов договор и сака да замине како слободен играч на крајот од сезоната, односно на крајот од договорот“.

„Имаме јасен план како ќе продолжиме и кои ќе бидат последиците за играчот, на неодредено време тој ќе биде изоставен од стартниот состав и ќе седи на клупа“.

„Пред неколку месеци ги прифативме сите негови услови, преговорите беа добри и очекувавме да остане и да потпише нов договор. Но очиглендо тој цело време не влечел за нос. Рабио покажа непочитување кон клубот и фановите. Ваквото однесување е срамно, со оглед на тоа дека се работи за играч кој од академијата стигна до првиот тим и секогаш ја имал поддршката на клубот“.

Останува да се види дали ПСЖ ќе реши да заработи некој милион и ќе го продаде Рабио во јануари или пак ќе го загуби за минимално обесштетување во јули. За услугите на фудбалерот интерес пројавуваат голем број на клубови ширум Европа како Барселона, Тотенхем, Ливерпул, Арсенал, Јувентус и Милан.