24фудбал

Варан: Реал Мадрид мора да научи како да страда

Дефанзивецот на Реал Мадрид инсистира на тоа дека гигантот мора да научи како да страда доколку клубот посакува успешна сезона, тој додава дека Кралевите ќе одат на клупското Светско првенство со голем ентузијазам.

Шпанија

Французинот говорејќи по мечот со Рајо во Примера, издвои нешто и за тешката сезона со која се соочува гигантот, тој посочи дека тимот мора да се научи како да страда доколку сака успех.

За да ја направиме оваа сезона како успешна, ние мораме да знаеме како да страдаме“ рече Варан по победата на Кралевите над Рајо Ваљекано како мини рехабилитација од поразот од ЦСКА Москва во Лигата на шампионите, и тоа дебакл од 0-3 пред своја публика.

Имавме можност да го добиеме убиствено мечот во првото полувреме, но, тоа не го сторивме, но, работевме напорно за да ги освоиме трите, исклучително важни бода“ се надоврза францускиот дефанзивец на победата во Примера.

Одиме на светското Клупско првенство со голем ентузијазам, одиме таму да го прикажеме најдоброто од нас“ заклучи Варан.