24фудбал

Погба би можел во Јувентус на позајмица?

Се верува дека Јувентус сака брз договор со Манчестер јунајтед за Погба, тоа би можело да се случи уште во јануари, а опција е позајмица на Французинот со можност и за целосно откупување на неговиот договор со Премиерлигашот.

Италија

Според информациите кои одредени медиуми во Италија ги пишуваат, се вели дека Јувентус ќе се обиде да постигне договор со Манчестер јунајтед за позајмица на Пол Погба уште во јануарскиот преоден рок.

Се вели дека францускиот репрезентативец не е среќен во тимот од Олд Трафорд, откако постојано е изоставуван од неговиот тренер Жозе Мурињо, со кого нема добар однос, нешто што можеби би било клучно за неговото потенцијално заминување од Островот.

Во текот на вчерашниот ден, Скај Италија пренесе дека високи челници на Јувентус веќе имале средба со Мино Рајола, агентот на Погба, а темата на разговорот, освен што била преговори за продолжување на договорот со 18 годишниот Мојс Кин, чиј договор истекува во 2020. година, се разговарало и за Погба.

Се верува дека Јувентус посакува брз договор со Манчестер јунајтед, и тоа уште во јануари, а опција е договор за позајмица со опција и за целосно откупување на договорот на Погба со Премиерлигашот.

Сепак, вреди да се напомене и тоа што на Островот се шпекулира во однос на Погба и Манчестер јунајтед, а тоа е, во случај Мурињо да си замине, можно е Французинот да остане на Олд Трафорд.