24фудбал

Манчестер Сити повторно го посакува Иско, за Гвардиола тој е приоритет

Шпанскиот репрезентативец се поизвесно е дека е на излезна врата од гигантот, по пет години, повторно Манчестер Сити тргнува во обид да дојде до неговиот потпис, претходните обиди беа неуспешни, но, Иско сега е приоритет за Гвардиола.

Шпанија

Иско се соочува со тешка сезона во редовите на Реал Мадрид, каде извесен период се шпекулира дека не е во добри односи со неговиот тренер Сантијаго Солари, кој често знае и да го изостави шпанскиот репрезентативец од составот.

Дека нешто не е во ред, говори и тоа што Иско имаше и судир со фановите на гигантот, тој, не остана на фамозните свирежи од гледалиштето и бурно реагираше кон истите, извесно е дека Иско е на излезна врата од Мадрид, а за него, секако постои интерес од европските гиганти кои сакаат да ја искористат ситуацијата.

Се верува дека Манчестер Сити е главен претендент за потписот на Иско кој има договор со Реал Мадрид до 2022. година, но, и откупна клаузула од 700 милиони евра во истиот.

Премиерлигашот уште во 2013. година беше еден од заинтересираните клубови за Иско, но, тогашниот фудбалер на Малага, на крајот се реши да остане во Шпанија и да потпише за Реал Мадрид.

Наводно, Пеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на англискиот шампион, го идентификувал Иско како приоритетно засилување за 2019-20.