24фудбал

Ја избриша објавата по само десет минути: Првата реакција на Погба по отказот на Мурињо (ФОТО)

Французинот веројатно е најсреќен во моментов, а на Островот подолг период се шпекулираше дека неговиот статус во Манчестер јунајтед зависи од разврската со португалскиот стратег, па веројатно е дека тој сега ќе остане во редовите на Премиерлигашот.

Англија

Веројатно Пол Погба ќе остане во Манчестер јунајтед, откако клубот се реши да му врачи отказ на досегашниот тренер Жозе Мурињо кој две ипол години го предводеше тимот од Олд Трафорд.

Подолг период Погба се поврзуваше со заминување од Манчестер јунајтед, а како главна причина за таквиот можен исход се наведуваше токму Мурињо, со кого имаше заладени односи.

Ја бележиме и првата реакција на францускиот репрезентативец на социјалните мрежи по отказот на Мурињо,  а ќе додадеме дека истата објава беше избришана од страна на Погба само десет минути по објавувањето.