24фудбал

Сензационална елиминација на Ривер Плејт, Ал Аин ќе игра во финалето (ВИДЕО)

Ништо од финале на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Ривер Плејт, Ал Аин по подобро изведување на пенали го елиминира аргентинскиот тим, натпреварот во регуларниот тек заврши 2-2.

Останато

Тимот од Обединетите Арапски Емирати предводен од Зоран Мамиќ направи вистинска сенцазија откако ја елиминираше екипата на Ривер Плејт.

Натпреварот почна фантастично за Ал Аин, Берг уште во третата минута им донесе водство од 1-0, но Ривер Плејт многу брзо направи пресврт, со голови на Боре во 11 и 16 минута поведоа со 2-1, во тие моменти се чинеше дека фаворитот ги има работите под контрола. Но, по шест минути игра во вториот дел Каио го изедначи резултатот на 2-2.

Во 69. минута Ривер Плејт доби пенал, но Мартинез не успеа да реализира, ја погоди стативата. Натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено 2-2. Немаше голови во продолженијата од по 15 минути па пеналите го решаваа победникот.

Фудбалерите на Ал Аин беа перфектни од белата точка, погодија пет од пет, а Перез промаши во последната серија за Ривер Плејт по што радоста на тимот на Мамиќ можеше да почне.

Тие ќе играат во финалето со победникот од дуелот меѓу Кашима и Реал Мадрид. Кралскиот клуб е огромен фаворит.