24фудбал

Македонски третолигаш го кани Мурињо: Дојди кај нас, барем ќе го научиш македонскиот јазик!

Урнебесна реакција на македонскиот третолигаш од Кочани кој го кани португалскиот фудбалски стратег да го преземе кормилото на на нивната екипа, од таму велат дека се шампиони, а Мурињо не би загубил ништо доколку ја прифати понудата.

Македонија

Кочански Осогово ја заврши есенската полусезона во Третата лига - Исток како шампион во таа конкуренција, а клубот во поглед на маркетингот работи на едно повисоко ниво дури и од прволигашите во нашиот фудбалски шампионат, со еден навистина добро фунцкионален сајт, но, и акивност на социјалните мрежи.

Токму од социјалните мрежи каде доста е активен тој клуб стигна и една урнебесна покана до португалскиот стратег Жозе Мурињо, кој остана без ангажман откако доби отказ од клупата на Манчестер јунајтед, од Осогово го канат кај нив, велат, барем ќе го научи македонскиот јазик, а додадоа дека се шампиони.

Жозе Мурињо, дојди кај нас! Немаш што да загубиш, секако, ние сме шампиони, барем ќе го научиш македонскиот јазик!“ стои во објавата на македонскиот