24фудбал

Лацио сака да ја искористи кризата на Фенер и со 15 милиони евра да го купи Елмас

Според италијанските медиуми, Лацио сака да ја искористи финансиската криза на Фенербахче и да го купи Елиф Елмас за 15 милиони евра.

Македонија

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Лацио е сериозно заинтересиран за Елмас кој важи за еден од најголемите таленти во Европа на негова возраст.

Фенербахче има катастрофални резултати оваа сезона, а има и проблеми со финансиите. Поради тоа се верува дека турскиот клуб нема да одбие понуда од 15 милиони евра, и од причина што за ангажман на македонскиот фудбалер платија само 180 илјади евра кога го земаа од Работнички.

Проблем за Лацио може да биде интересот на другите клубови за кои се пишуваше во минатото, доколку некој од нив прати поголема победа, италијанскиот клуб ќе мора да наддава ако сака да го ангажира Елмас.