24фудбал

Спортскиот директор на Палермо категоричен: Илија ќе остане нашиот капитен

Македонскиот напаѓач во новата сезона досега постигна шест погодоци, а Палермо е лидер во Серија Б, од таму порачуваат дека Несторовски ќе остане и во иднина капитен на тимот, демантирајќи дека ќе си замине.

Македонија

Изминатите неколку седмици Илија Несторовски е доста актуелен на трансфер пазарот, за македонскиот напаѓач од редовите на Палермо се шпекулираше дека би можел да направи трансфер во јануарскиот преоден рок, но, од италијанскиот второлигаш демантирааат.

Македонскиот репрезентативец се здоби со повреда на мускулот пред речиси една седмица, за него се очекуваше да има еден месец пауза од фудбалските терени, но, од Палермо очекуваат да се врати уште наредната седмица.

Илија има добра рехабилитација, тој ќе остане наш капитен, во моментов е повреден, за да се врати на терените потребно е да се работи со него еден месец, јас се надевам дека можно е за една седмица да се врати во тимот, а воедно се надевам дека ќе ни потврди дека останува наш капитен, ние сме среќни со тимот со кој располагаме во моментов“ изјави Рино  Фоски, спортскиот директор на тимот од Сицилија.