24фудбал

Поранешен напаѓач на Лидс со совети до Биелса: Ова е позицијата каде треба да игра Алиоски

„Дежурниот критичар“ на популарниот Џани смета дека Македонецот најдоброто го прикажува на спротивната страна, на која е позициониран од страна на неговиот тренер, за што наводно потврди и неговиот последен меч.

Македонија

Езгјан Алиоски најдоброто го прикажува на десната страна од терените, со тоа што би упатувал доста опасни топки во противничките казнени простори, тврди поранешниот напаѓач на Лидс, Ноел Велан, кој е познат по честите критики на адреса на македонскиот репрезентативец од поодамна.

Мислам дека Алиоски е подобар играјќи на дестата страна, најмногу поради тоа што уфрла подобри топки од таа странавели Велан, кој во својата кариера има 48 настапи за тимот од Еланд Роуд, притоа постигнувајќи седум погодоци.

Алиоски беше поставен на десната страна од страна на неговиот тренер Марсело Биелса, а имаше одлично издание во победата на Лидс на гости кај Астон Вила со 2-3, а тимот од Еланд Роуд остана на првата позиција на табелата во Чемпионшиплигата.

На таа страна Алиоски е доста поубедлив, испорачува одлични топки во опасната зона на противникот, тоа е многу подобро отколку кога игра на левата страна, каде во повеќе прилики го гледаме како ја враќа топката назаддодава Велан кој смета дека Македонецот е поинволвиран на десната страна.

Лидс е во фантастична серија од шест победи во низа, а нашиот 23 годишен интернационалец ја има целосната доверба од Биелса, настапувајќи на 23 меча а притоа бележејќи и три погодоци досега.