24фудбал

Баже Илијоски се врати во Работнички

Работнички денеска го промовираше првото засилување во зимскиот преоден рок, напаѓачот Баже Илијоски потпиша едногодишен договор со роматичарите.

Македонија

Баже Илијоски ја заврши авантурата во Шкупи и повторно се врати во добро познатата средина. Тој по шести пат ќе го носи дресот на Работнички.

Илијоски е најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, Работнички се надева дека искусниот напаѓач ќе влијае на многу поефикасен напад во вториот дел од сезоната.

„Напаѓачот Баже Илијоски е официјално првото засилување на Работнички во зимскиот преоден рок. Тој се враќа во матичниот клуб и потпиша едногодишен договор со Работнички. Изминатите 12 месеци ги мина во Шкупи, а сега по шести пат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички. Се работи за најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, искусен голгетер на кого Работнички му е „домашна“ средина. 34-годишниот Баже Илијоски е стрелец на многу важни голови за Работнички и сигурно ќе претставува големо засилување за тимот на Жиица Тасевски во вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига“, стои во соопштението на Работнички.