24фудбал

Алиоски тргна со гол во новата година (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгјан Алиоски новата година ја стартуваше со гол за Лидс, но за жал неговиот тим беше поразен на гостувањето кај Нотингем Форест.

Македонија

Убаво почна новата година за Алиоски, македонскиот фудбалер постигна гол на мечот меѓу Нотингем Форест и Лидс кој заврши со победа за домаќините од 4-2.

Алиоски постигна гол во 64. минута за водство на неговиот тим од 2-1. Но подоцна Лидс кој играше со фудбалер помалку од 42. минута поради црвен картон, прими уште три гол и доживеа пораз.

И покрај поразот, по 26 одиграни кола Лидс е прв на табелата во Чемпионшип со 51 бод, два повеќе од Норичи четири од Шефилд јунајтед.