24фудбал

Компани му влезе на Салах со две нозе и го „искина“ па му порача: Стани пи*ко! (ВИДЕО)

Винсент Компани стартуваше опасно врз Мохамед Салах, а додека Египјанецот се првртуваше на тревата доби навреда од капитенот на Манчестер Сити.

Англија

„Граѓаните“ го добија дербито против Ливерпул со 2-1 и ја вратија неизвесноста во трката за титулата во Премиерлигата. „Црвените“ имаат за што да жалат откако еден сантиметар ги делеше од водство на Етихад, а лесно можеше да се случи домаќините да останат со играч помалку по половина час игра.

Компани со две нозе му велезе на Салах и го спречи сам да излезе пред Едерсон, но за среќа на дефанзивецот, судијата покажа само жолт картон.

Капитенот на Манчестер Сити исто така беше уловен од камерите како го навредува Египјанецот и кажа „стани пи*ко“ во моментите кога Салах се превртуваше на теренот.