24фудбал

Аквилани го купи клубот каде ги направи првите фудбалски чекори!

Поранешниот играч на Рома, Ливерпул, Јувентус... Алберто Аквилани го купи клубот каде ги направи првите фудбалски чекори, Спес Монтесакро 1908.

Италија

34-годишниот Аквилни потекнува од младинската школа на Рома, но пред тоа играше за локален аматерски клуб.

Поранешниот италијански репрезентативец одлучи да се врати на местото каде то почна купувајќи ги сите акции на Спес Монтесакро со што стана сопственик на клубот.

„Мојот пат почна тука, на валкан терен во Монтесакро, мојот фудбалски дом е Спес“, напиша Аквилани на својот инстаграм профил.

„Од таму почнав долго патување, пожртвуван и посветен пат кој ме однесе до тоа да носам разни славни дресови на важни стадиони“.

„Остварив многу задоволства, но никогаш не го заборавив мојот прв фудбалски терен. Се враќам со богато искуство кое сакам да го пренесам на малите сонувачи“.

„Ова ќе биде нов предизвик за мене, но благодарение на вредностите и учењата од мојата фамилија сигурен сум дека можам да се посветам во континуитет за доброто на Спес“.

„Новото наше патување започнува тука“.