24фудбал

Зидан ќе го наследи Алегри на клупата на Јувентус?

Според „Мундо Депортиво“, од следната сезона Зинедин Зидан ќе го превземе кормилото на Јувентус, а Масимо Алегри ќе го напушти клубот за да почне нов предизвик во кариерата.

Италија

Алегри во Јувентус е од јули 2014 година кога го наследи Антонио Конте кој неочекувано си замина на почетокот од подоготовките на тимот.

Алегри четири пати по ред со Јуве ја освои Серија А, два пати триумфираше во Купот на Италија, го освои италијанскиот Суперкуп и два пати играше во финалето од Лигата на шампионите.

Иако неговиот договор со Јуве трае до јуни 2020 година, Алегри би можел да си замине за нов предизвик, особено ако ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ тврди дека негов наследник ќе биде Зинедин Зидан.

Тоа ќе биде враќање на Зидан во Торино, кој од 1996 до 2001 играше за Јувентус.

Зидан беше тренер на Јувентус од јануари 2016 до мај 2018, но за тоа кратко време стана првиот тренер кој три пати по ред ја освоил Лигата на шампионите.

Исто така ја освои Примера, шпанскиот Суперкуп, два пати победи во УЕФА Суперкупот од кој еднаш во Скопје и два пати стана светски клупски шампион.

Ова не е прв пат Зидан да се поврзува со тренерската позиција во Јувентус. Се шпекулира дека може да биде тренер и на Манчестер јунајтед, но засега одлично му оди на Солскјер па ако тимот нема посериозен пад веројатно ќе го задржат како прв тренер.