24фудбал

Почина легендарниот Драган Шекуларац

Легендата на Црвена звезда и југословенскиот фудбал, Драгослав Шекуларац почина на 81-годишна возраст.

Останато

Легендарниот Шекуларац е роден на 8 ноември 1937 година во Штип. Беше легенда на Црвена звезда во која играше 11 години, постигна 119 голови на 375 натпревари.

По Црвена звезда играше и за Карлсруе, американски Сент Луис, ОФК Београд, Санта Фе, Атлетико Букараманга, Милонариос, Америка де Кали, Париз, Сербијан Вајт Иглс. 

За репрезентацијата на Југославија има одиграно 41 натпревар и постигнато шест голови.

Како играч освои седум титули во југословенскиот шампионат и пет купа. Како тренер ја освои двојната круна.