24фудбал

Од авион во затвор, алкохолот го смести Руни зад решетки и во САД (ФОТО)

Вејн Руни минатиот месец завршил зад решетки во Вашингтон, напаѓачот бил приведен на аеродромот Далас поради пијанство на јавно место.

Англија

Англичанецот во минатото често запаѓаше во проблеми поради алкохолот а работите очигледно не се променија ниту „преку барата“. Денеска беше објавено дека Вејн Руни на 16. декември минатата година завршил зад решетки во Вашингтон.

Инцидентот се случил на аеродромот Далас, Вејн Руни се враќал од Саудиска Арабија, испил малку повеќе во авионот, па полициските службеници го привеле поради пијансво на јавно место.

Напаѓачот веднаш бил пуштен на слобода откако дал ветување дека ќе се појави пред суд и добил парична глоба од 25 долари, како и трошоци од 91 долар, кои целосно се подмирени на 4. јануари.