24фудбал

Мата промаши празен гол, Барса со три бода си замина од гостувањето кај Хетафе (ВИДЕО)

„Каталонците“ се зацврстија на врвот во Ла Лига откако победија со 1-2 на гостувањето во Мадрид кај Хетафе, Лео Меси и Луис Суарез донесоа три бода.

Шпанија

Барселона отиде на +5 на чело на табелата, избраниците на Валверде ги искористија денешните резултати на ривалите и со триумф на „Алфонсо Перез“ се зацврстија на врвот во Ла Лига.

Мечот можеше да има поинаков тек откако Мата погоди по десетина минути игра за 1-0, но судијата го поништи голот поради прекршок на Анхел врз Ленгле. Одлуката беше прилично спорна бидејќи контактот беше минимален, а не се огласи ниту ВАР.

На спротивната страна, Лео Меси одлични се снајде во 20. минута и донесе водство од 0-1, за Луис Суарез со прекрасен гол во 39. минута и волеј од врвот на шеснаесетникот да зголеми на 0-2. Пред крајот на првиот дел, Мата намали на 1-2 и најави возбудливи втори 45 минути.

Во продолжението двете екипи имаа свои прилики за гол, Мата одново беше во центарот на вниманието откако се најде сам пред Тер Штеген, го помина голманот на Барса, и кога сите ја видео топката во мрежата за 2-2, фудбалерот на Хетафе лошо биеше и го префрли голот.