24фудбал

Можна ли е сензационална размена меѓу Реал Мадрид и Интер?

Шпанските и италијанските медиуми најавуваат можна голема трансфер зделка меѓу Реал Мадрид и Интер, но и да се случи таа, би се случила во летниот преоден рок.

Италија

Информациите велат дека Интер ги сака Лука Модриќ и Тони Крос, а Реал Мадрид го пикирал најдобриот од нероазурите, Мауро Икарди.

Според „Кориере дело Спорт“, Интер не се откажува од надежта дека ќе го донесе Модриќ во своите редови. 

Хрватот има договор до јуни 2020 година кој не сака да го продолжи. Тој сака да ја промени средината и подготвен е за помала плата да игра во Интер.

Но, тој не е единствениот на мета на Интер, италијанскиот клуб во пакет со Модриќ го сака и Тони Крос кој исто така не би имал против да ја промени средината.

Од друга страна пак, на Реал Мадрид му е потребен напаѓач, па се верува дека Флорентино Перез доколку се откаже од Модриќ и Крос за возврат ќе го бара Мауро Икарди.

Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра која може да биде активирана само од 1 до 15 јули.

Веројатно ваквата размена меѓу Реал Мадрид и Интер ќе зависи и од следниот тренер на кралскиот клуб и неговите планови. На Солари не му оди најдобро, па се очекува во скоро време да има промена на клупата на Бернабеу, во игра се Покетино, Коне и Мурињо.