24фудбал

Пепе се врати дома, потпиша за Порто

Португалскиот дефанзивец, Пепе повторно го облече дресот на Порто, тој како слободен играч од Бешикташ потпиша две и пол годишен договор со клубот во кој му се промовираше на светот.

Останато

Пепе се врати во Порто каде играше од 2004 до 2007 година и од каде отиде во Реал Мадрид.

„Пепе се врати во Порто. Централниот дефанзивец потпиша две и пол годишен договор до 30 јуни 2021 година“, стои во соопштението на клубот.

Пепе повторно ќе биде соиграч со Икер Касиљас кој е голман на Порто.