24фудбал

Мистерија: Каде „исчезна“ Шаќири по поздравот со Клоп? (ВИДЕО)

Една доста чудна и мистериозна снимка предизвика голем интерес кај љубителите на фудбалот, во главна улога се најде офанзивецот на Ливерпул, Шаќири кој одеднаш „исчезна“ од снимката.

Англија

Јирген Клоп се реши за комбиниран состав за дуелот против Вулверхемптон на гостински терен во рамките на третата рунда натпревари од ФА Купот на Англија, а Ливерпул загуби на крајот со 2-1.

Мечот од првата минута го почна Џердан Шаќири, но, Швајцарецот не успеа да се запише во листата на стрелците и да му помогне на својот тим да избегне пораз, сепак, офанзивецот по крајот на мечот се најде на една доста чудна снимка која ја регистрираа камерите.

Клоп се поздрави со Шаќири, а овој одеднаш исчезна од снимката, па многумина на социјалните мрежи се запрашаа дали е можно Швајцарецот да го собере во јакната на германскиот фудбалски стратег за туку-така да исчезне од снимката...