24фудбал

Емери одиграл клучна улога: Суарез дал зелено светло за трансфер во Арсенал?

Се шпекулира дека стратегот од клупата на Премиерлигашот одиграл клучна улога во операцијата да се дојде до фудбалерот на Каталонците кој наводно ставил јасно дознаење дека Арсенал е негов прв избор.

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, 25 годишниот Денис Суарез наводно го информирал Арсенал дека доколку постои опција за негов трансфер, тоа би сакал да го стори во редовите на Топчиите, пренесе Диарио Спорт.

Истиот медиум тврди дека шефот на стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери бил одлучувачки фактор во целата операција, токму тој беше тренер на Суарез во Севиља една сезона.

Доколку шпекулациите се точни, сега останува на обата клуба да ги договорат деталите за потенцијалниот трансфер, се наведува дека Барселона нема да има ништо против да дозволи позајмица на својот фудбалер со опција, Арсенал да го откупи целосно неговиот договор кој со Каталонците има важност до 2020. година.

Минатиот месец, Марка извести дека Барселона е подготвена да го продаде Суарез за сума од над 10 милиони евра, а интерес за Суарез има и од Валенсија, но, извесно е дека Премиерлигата ќе биде негова следна дестинација.