24фудбал

Леонардо со порака до Игуаин: Ако останеш со нас, треба да се фатиш за работа

Аргентинскиот напаѓач извесен период се споменува како опција за Челси, говорејќи на таа тема, спортскиот директор на Милан упати јасна порака до него, алудирајќи на тоа дека бара одговорност од Игуаин.

Италија

Офанзивецот Лукас Пакета е веќе промовиран во нов фудбалер на италијанскиот прволигаш Милан, а 21 годишниот Бразилец подолг период беше поврзуван со Росонерите.

За време на промоцијата на Пакета, спортскиот директор на Милан, Леонардо беше запрашан и за статусот на Гонзало Игуаин, а тој упати јасна порака до Аргентинецот, укажувајќи му да се фати за работа.

Тој мора да донесе одлука за тоа што понатаму, мора да преземе одговорност, тој имаше исклучително комплицирани моменти, сето тоа мора да го стави зад себе и да се фати за работа“ изјави Леонардо.

Нема никаква поента во шпекулациите поврзани со него, тој во моментов е дел од нашата екипа, со оглед на тој статус, тој мора да направи нешто за оваа екипа, еден гол може да промени многу работи, но, доколку одлучи да продолжи со нас, тој мора да преземе одговорност“ заклучи Леонардо.

Аргентинскиот напаѓач е на позајмица во редовите на Росонерите од Јувентус, а тимот од Милано има опција вредна 36 милиони евра да го откупи целосно неговиот договор. Игуаин извесен период се споменува како опција за Челси, а наводно би можел уште овој месец да се пресели во редовите на Премиерлигашот.