24фудбал

Баерн Минхен го купи фудбалерот кој го постигна најубавиот гол на Светското првенство

Баерн Минхен се засилува за идната сезона, германскиот шампион го договори трансферот на Бенџамин Павар од Штутгарт.

Германија

Баерн Минхен плати 35 милиони евра колку што е откупната клаузула на Павар, 22-годишниот француски репрезентативец ќе потпише петгодишен договор.

Павар ќе ја доигра сезоната во Штутгарт, а од наредната ќе стане член на Баварците.

„Среќни сме и горди што ги обезбедивме услугите на фудбалер како него“, потврди спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Павар со Франција го освои Светското првенство во Русија, а неговиот гол против Аргентина беше прогласен за најдобар на Мундијалот.